Tip:
Highlight text to annotate it
X
2 ра Академска конференција „Европа со без граници"
Добредојдовте на второто предавање, се надевам дека
уживавте во ручекот и паузата.
А сега ќе Ви го претставам нашиот следен предавач,
НЕ Кристофер Ивон, кој пристигна од Скопје, и каде ја извршува
функцијата Амбасадор на нејзиното Височество, а ја презеде во 2010 година.
Неколку зборови за Британската амбасада, која ја претставува
Владата на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска,
и работат во партнерство со Македонската Влада, Собранието
цивилниот сектор, а воедно ја поддржуваат
евро-атланската интеграцијата на Република Македонија.
A сега ми претставува задоволство да го поканам Амбасадорот Ивон
да Ви се обрати. Ви благодарам.
Најнапред би сакал да се заблагодарам на Марјан Вучковиќ
Претседател на Македонскиот Политиколошки Форум
за поканата, особено љубезно од негова страна што ме покани
на оваа конференција и овозможи да споделам неколку мои мислења ако смеам
и исто така да Ви се заблагодарам на сите Вас, што сте љубезни
да одвоите од Вашето време за да ги ислушате моите
ставови во однос на нашите политики и врската помеѓу
Обединетото Кралство и Европа.
Нема да одржам формален говор, нема да читам од сценарио
мислам дека е повеќе интересно ако успеам
да поврзам неколку мои мислења и коментари и да
ги споделам со Вас, и да оставам доволно време колку
што е возможно, за да имаме взаемна интеракција.
На почетокот би сакал да кажам, дека еден британски
господин, кој пред четиристотини години изјави
дека британските амбасадори се чесни луѓе кои одат во
странство за да лажат во име на нивната држава.
Ќе се обидам да бидам колку што е можно по отворен и искрен со Вас.
И ако постои причина да сметате дека не Ви ја кажувам
целата вистина и само вистина, тогаш поставете прашања
за да ме предизвикате, а јас сум отворен за предизвици
и дебата и дискусија иако може нема да се согласиме,
сепак ќе останам доследен на мојата функција.