Карневалот на ТЕД и Ед Отворено преку цел ден
Измислување на невидливото од Џон Лојд
Адаптирано од ТЕД говорот на Џон Лојд во 2009
И сега нашиот следен говорник кој ја потрошил целата своја кариера слушајќи ја смислата на чудото...
Ве молиме да добредојдете Џон Лојд
Сала на огледала
Прашањето е: Што е невидливо?
Всушност, повеќе отколку што мислете.
Сé, би рекол јас, сé што е важно/содржајно, освен сé и освен содржината.
Ние можеме да ја видеме материјата, но не можеме да видеме што е содржината?
Можеме да ги видеме ѕвездите и планетите, но не можеме да видеме што ги одделува, или што ги поврзува
Со материјата, како и со луѓето, ние ја гледаме само кожата на нештата, не можеме да видеме внатре во моторот
Не можеме да видеме што е она што прави луѓето да размислуваат, или барем не без големи тешкотии, и што поблиску гледаме во нештата, што повеќе тие исчезнуваат.
Всушност, ако гледате преблиску до нештата, и ја гледате базичната субструктура на материјата. Нема ништо таму. Електроните исчезнуваат во некоја магливост каде останува само енергија.
Една од интересните нешта за невидливоста е дека она што не можеме да го видиме, не можеме ни да го разбереме. Гравитацијата е едно нешто што не можеме да го видиме, ни да ги разбереме.
Таа е најмалку разбраната од сите основни сили, и најслабата, и никој не знае што е, ни зошто е таму.
Сер Исак Њутн, најголемиот научник кој некогаш постоел, тој мислел дека Исус дошол специјално да ги управува лидерите на гравитацијата.
Тој мислел дека постои за таа цел. Умен дечко, но можеби греши за ова, не знам јас.
Свест. Јас ги гледам сите Ваши лица, и немам поим за тоа што секој од Вас размислува, нели е тоа неверојатно?
Неверојатно е дека не можеме да си ги читаме мислите, а можеме да се допреме, да се вкусиме можеби ако доволно се доближиме,
но, не можеме да си ги читаме мислите, за мене тоа е мoшне зачудувачки.
Во Суфи вербата, големата средноисточна религија, некои велат дека таа е патоказаот на сите религии, суфи мастерите се сите телепати,
барем така велат, но нивната најважна телепатска дејност е да ни праќаат моќни сигнали што не постојат, па затоа и не мислиме дека Суфи мајсторите работат на нас.
Во прашањето за свеста и вештачка интелегенција; вештачката интелегенција, исто како и студирањето на свеста, не се стигнати далеку,
ниe немаме поим како работи свеста.
Тие не само што не создале до сега вештачка интелегенција, тие се уште не создале вештачка глупост.
Законите на физиката: невидливо, вечно, сéприсутно, сéмоќно. Се сеќава ли некој?
Интересно.
Јас сум, како што и можете да претпоставите, не сум материјалист, јас сум не-материјалист, и најдов еден ,ногу корисен нов збор-игностичен. Јас сум игностичен,
јас одбивам да бидам прашуван за тоа дали мислам дека Господ постои, се додека некој потполно не ги објасни поимите.
Друго нешто кое не можеме да го видиме е човечкиот геном.
И ова е зачудувачки чудно бидејќи отприлика пред дваесетина години, кога тие се нурнаа во геномот, тие мислеа дека тој би содржел околу 100 000 гени.
Оттогаш, секоја година тој е прегледан и намален. Ние денес мислиме дека има отприлика 20 000 гени во човечкиот геном.
Ова е неверојатно.
Бидејќи оризот - запомнете - оризот е познат дека има 38 000 гени.
Компирите имаат 48 хромозоми- за два повеќе од луѓето. Исто како и горилите.
Не можеме да ги видиме овие нешта, но сето ова е многу чудно.
Ѕвездите преку ден. Јас секогаш мислам дека тоа е фасцинантно. Универзумот исчезнува. Што повеќе светлина, толку помалку гледате.
Време, никој не може да го види времето.
Не знам дали го знаете ова, голем подвиг во модерната физика е одлуката дека времето воопшто и не постои,
бидејќи е премногу неповолно за фигурите, па би било многу полесно ако тоа воопшто и не е таму. Не можеме да ја видиме иднината, очигледно, па не можете да го видите ни минатото, освен во Вашите спомени.
Една од интересните нешта за минатото е, Вие особено не можете да видите едно нешто.
Мојот син ме праша неодамна: „Можеш ли да се сетиш каков бев кога имав 2 години?“, и јас реков „Да“. А тој рече: „А зошто јас не можам?“
Нели е тоа необично?
Вие не можете да се сетите што Ви се случило на 2-3 години,
што е одлична вест за психоанализаторите. Инаку тие би биле без работа.
Бидејќи баш токму тогаш сé се случува.
Тоа те прави она што си.
Друго што не можеме да видиме е мрежата на која висиме. Ова е фасцинатно.
Можеби некои од Вас, знаете дека клетките постојано се обновуваат.
Кожата ги губи лузните, косата расте, ноктите и слично,
но секоја клетка во Вашето тело е некогаш заменета со нова. Клетките за вкус се менуват на некои си десетина дена. Црниот дроб и внатречните органи можат да земат повеќе време,
'рбетот се обновува за неколку години, но на крајот на секои седум години, ниедна клетка од вашето тело не останува од она што било таму пред 7 години.
Прашањето е: Кои сме тогаш ние? Што сме? Што е она нешто на кое што висиме што е всушност „ние“?
Атомите, не можеме да ги видиме. Никој никогаш нема ни да може. Помали се од брановата должина на светлината.
Гас, не можеме да го видиме. Интересно, има околу 1600 различни. Тој бил измислен во 1600 од еден холандски хемичар Ван Хелмонт.
Тоа е сметано за најуспешниот изум на збор, од позната личност. Прилично добро.
Тој исто така го измислил и зборот „блас“ со значење на астрорадијација, но за зал, неуспешно.
Светлина. Не можете да ја видите. Кога е темно, во вакуум, ако некој запали светлина право низ Вашите очи, Вие нема да ја видите,
Мошне технички всушниост, иако некои физичари не се согласуваат со ова.
Но, чудно е како не можете да го зракот светлина, туку само онаму каде што застанува.
Електрицитет-не можеме да го видиме. Нели Ви имаат кажано дека се разбираат од струја?
Всушност, не ја разбираат. Никој не знае што е. Вие веројатно мислите дека електроните во струјата се движат истовремено низ жицата со брзина на светлината.
Но, не. Електроните лазат низ жицата со брзина како на мед кој се шири, велат.
Галаксии- по проценка, стотици биолони од нив во Универзумот, 100 биолиони. Колку од нив можеме да видиме?
Пет.
Пет од стоте биолиони галаксии, со голо око и една од нив е мошне тешко да се види, освен ако имате многу добар вид!
Радио зраци. Еве и друго нешто.
Хајнрих Херц, кога ги открил радио зраците во 1887-ма, ги нарекол радио зраци, бидејќи зрачеле.
Некој му рекол: „Па, што е поентата со овие зраци што си ги отркил?'
А тој рекол: „Па, јас немам поим, но претпоставувам дека Еден ден, некој ќе им најде некоја корист.“
Најголемото нешто што ни е невидливо, е она што не го знаеме.
Неверојатно е, колку само малку знаеме. Томас Едисон еднам рекол: „Ние не знаеме 1% од еден милион од СЕ.“
И јас дојдов до заклучокот-бидејќи има и едно друго прашање: „Што друго не можеме да видиме?“ Целта, за многумина од нас. Што е целта?
Целта, кога јас сакам да ја дофатам, дали има само две прашања навистина вредни за да бидат прашани?
„Зошто сме тука?“ и „Што би требало да направиме додека сме тука?“
За да Ви помогнам, имам две нешта со кои ќе Ве оставам, двајца одлични филозофи, веројатно двајцата најголеми филозофи и размислувачи на 20-иот век.
Еден-математичар и инженер, другиот-поет.
Првиот е Лудвиг Витгенштајн, кој рекол: „ Јас не знам зошто сме овде, но сум прилично сигурен дека не е заради забава!“
Тој бил едно весело копиле, нели?
Како второ, и последно, В.Х. Ауден, еден од моите омилени поети, кој рекол:
„ Ние сме овде на Земјата, за да им помагаме на другите. А зошто другите се тука - немам појма! “
Видео: ТЕД Ед. Превод: Цветанка Филипова
TEDEd Лекции што вредат да бидат распространети